27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАРоманската публика одушевена од Електра

Романската публика одушевена од Електра

elektra-696x505

Настапот на Македонскиот народен театар (МНТ) со „Електра“ на годинешното петто издание на Меѓународниот театарски фестивал „Inteferences“ во романскиот град Клуж, предизвика големи овации кај романската публика.

„Ова беше исклучително гостување кое долго ќе се памети, а за актерската екипа, која до последен атом ја пренесе својата креативна моќ и енергија зборуваат позитивните коментари и честитките по изведбата“, инфромираа во понедленикот од МНТ.

Претставата во адаптација и режија на Андриј Жолдак беше во селекција на продукции од најновите театарски трендови, што ја покажа и врвната фестивалска програма во која се прикажаа: „Фауст“ на режисерот Томаж Пандур, дијлог/разговор со големото режисерско британско име на денешницата Деклан Донелан, „Играчки мрачна приказна“ и „Крај на партијата“ на романскиот режисер Габор Томпа, „Добриот човек од Сечуан“ на универзитетскиот професор за школата за уметности во Колумбија, Андреј Шербан и многу други.

Од МНТ, исто така, истакнуваат дека претставата „Разговори во четири очи“ во режија на Нина Николиќ, која се одигра на 1-ви декември во рамките на седмото издание на меѓународниот камерен театарски фестивал „Арт Окраина“ во руската северна престолнина Санкт Петербург доживеала голем успех. И оваа претстава, наведуваат, исто така, беше во селекција со врвни театарски куќи од :Русија, Англија, Италија, Полска, Белорусија и од Романија.

„Семејната драма која ги обработува темите кои нé засегаат, приказната за горките сознанија за изгубеното време, пропуштените прилики, свесното жртвување и соочување со она што сме биле некогаш, што сме можеле да бидеме и она што сме, со одличната актерска игра на Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петар Арсовски, Благој Веселинов, Катина Иванова и Дамјан Цветановски, длабоко допре до руската публика. Поклонот беше проследен со голем аплауз и овации, а актерите и техничката екипа се уште ги споделуваат импресиите и приемот од меѓународниот камерен театарски фестивал Арт Окраина во Русија“, наведуваат од МНТ.

За 15 дена актерите МНТ одигра 15 претстави во Полска, Романија и Русија и со ова една од водечките театарски институции во земјата, како што оценуваат, ја заврши една од најуспешните турнеи во своето постоење.

Годинава МНТ ја продуцираше и претставата „Соларис“ со Винер Фестхофен, кој е еден од најпрестижните фестивали во Европа, а чија светска премиера сед одржав во јуни во Виена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП