26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW, Daimler, Ford, Audi и Porsche ќе прават електрични станици за полнење

BMW, Daimler, Ford, Audi и Porsche ќе прават електрични станици за полнење

css-polnaci33

Пет од најголемите автомобилски производители – „BMW“, „Daimler“, „Ford“, „Porsche“ и „Audi“, стартуваат заеднички проект, кој има за цел изградба на најмоќната мрежа од станици за полнење во Европа. Предвидено е изработка на уреди со моќност до 350 kW, кои треба да бидат достапни на главните патни артерии на континентот.

Предвидено е изградба да започне во 2017-та година, а првично само 400 града ќе имаат такви станици. До 2020-та година, пак, корисниците треба да имаат пристап до илјадници такви станици за полнење, целта е преку брзо и ефикасно полнење да може да се изминуваат големи растојанија.

Електричната мрежа ќе биде базирана на технологија од стандардот „Combined Charging System“. Инфраструктурата ги проширува техничките стандарди за „AC“ и „DC“ полнење на електрични возила кон друго ниво на капацитет за брзо „DC“ полнење.

Независно од брендот, сите автомобили, создадени да прифатат моќноста од 350 kW, ќе можат да се полнат од идните станици. Мрежата ќе биде достапна за сите возила кои ги исполнуваат стандардите „CCS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП