26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair ja пушта услугата Ryanair Holidays

Ryanair ja пушта услугата Ryanair Holidays

ryr-holiday4

„Ryanair“ на 1-ви декември ја пушти услугата за пакет одмор „Ryanair Holidays“, нудејќи им на 119-те милиони корисници пакети за летови, сместување и трансфер на сајтот „Ryanair.com“ по најниски цени, соопштуваат од авиокомпанијата.

„Ryanair“ се здружил со шпанскиот туроператор „Logitravel“ и со компанијата за сместување „World2Meet“ за создавање на услугата „Ryanair Holidays“, која за почеток е достапна во Велика Британија, Ирска и Германија и ќе биде пуштена на други пазари догодина.

„Ryanair Holidays“ треба се вклопи со успешните услуги „Ryanair Car Hire“ и „Ryanair Rooms“ и е уште една дигитална иновација, создадена од „Ryanair Labs“ во рамките на програмата „Always Getting Better“.

„Ниските цени на „Ryanair“ го променија патувањето со авион во Европа, а сега ќе го промениме пазарот на пакети за одмор со претставувањето на „Ryanair Holidays“, нудејќи им на клиентите несфатлива комбинација од ниските цени на „Ryanair“, широк спектар на можности за сместување и трансфери – сето тоа на сајтот „Ryanair.com“ и сето тоа по најниски цени“, рече шефот на одделот за маркетинг на авиокомпанијата Кени Џејкобс.

ryr-holiday3

„Со години клиентите плаќаат премногу за пакет одмори и се повеќе сакаат сами да создаваат пакети. Клиентите на „Ryanair“ веќе уживаат во најголемата мрежа од дестинации во Европа и со „Ryanair Holidays“ можат да избираат од фантастична палета на хотели со три, четири и пет ѕвезди во Медитеранот и европските престолнини, идеални за бегство во последната минута, летните семејни одмори , зимското сонце и градскиот одмор“, додава тој.

„По пуштањето на „Ryanair Car Hire“ и „Ryanair Rooms“ се повеќе клиенти ги користат услугите и производите на „Ryanair“, различни од летови, и ова е уште една значаен чекор во нашиот пат кон трансформирање во „Amazon“ во патувањата по воздух. „Ryanair Holidays“ нуди комплетна заштита на потрошувачите, загарантирана е целосно од Организацијата за лиценцирање на агенции за воздушен транспорт (ATOL) и не може да биде поразена од гледна точка на цената. Значи пред да заминете на одмор, треба да посетите само едно место – „Ryanair.com“, забележува Џејкобс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП