26 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да го надминете незадоволството од самите себе

Како да го надминете незадоволството од самите себе

Работата многу влијае на внатрешната состојба, размислувањето и енергијата со која зрачите. Доколку сте незадоволни со нешто што сте направиле таа фрустрација може да се пренесе на вашето незадоволство од самите себе во целина.

Разочарувањето од самите себе води до пад на мотивацијата и продуктивноста. Ако почувствувате дека вашето креирање е безвредно, големи се шансите дека нема да сакате ништо да создавате. Послушајте ги следните совети како да си помогнете самите на себе и да го надминете незадоволството…

Сфатете ја големината на сегашноста

Престанете да бидете она што не сте и вратете се на старите вие. Кажете си на себе дека сте некој кој некогаш можел многу да направи и некој кој бил успешен. Секако бидете некој кој се обидел, некој кој не е совршен, но некој кој има добри намери. Повторете си самите на себе дека сте направиле се за да го дадете својот максимум дури иако тоа не е совршено. Вие сте некој кој се грижи за другите, кој сака, кој се труди и некој кој има добри намери. Некој кој заслужува некој вид на признание и љубов затоа што е најдобар што може да биде.

Љубопитност, а не претпоставки

Немојте да одите на работа со веќе утврдени идеи во главата. Растеретете ги мислите и не размислувајте за можните сценарија. Бидете љубопитни и трчајте во новиот ден со исчекување. Прифатете ги новите настани со благодарност и размислувајте на кои начини можете да ја искористите новонастанатата ситуација.

Најважно е да се одалечите од своето его и да започнете малку да размислувате и за другите нешта, не само за себе. Оваа ментална одалеченост треба да делува како набљудување на уметничко дело со малку поголемо растојание со цел да ја согледате целата композиција од повеќе агли. Размислете што најмногу ќе ве усреќи следниот ден на работа или одвоете еден час наутро за да се позанимавате со работата која ве мачи додека сте свежи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП