26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC 10 Evo - од метал и водоотпорен (видео)

HTC 10 Evo – од метал и водоотпорен (видео)

evo-990

„HTC“ го дополни своето портфолио со нов мобилен телефон – „HTC 10 Evo“. Како што можете да забележите, тој го носи името на овогодинешниот предводник – „HTC 10“, но нуди метално тело и одредено количество други препознатливи знаци.

Уредот има 5,5-инчен екран со резолуција од 2560 x 1440 пиксели, а исто така 16-мегапикселна главна камера и 8 мегапикселна предна камера, опремени е со секакви функции за пријатно и квалитетно фотографирање.

Во „срцето“ на смартфонот лежи чипсет „Qualcomm Snapdragon 810“ со 3 GB RAM. Ова го става „HTC 10 Evo“ во чудна позиција. Располага со процесор од 2015-та година, кој често покажа дека умее да се загрева премногу. Со други зборови – уредот се позиционира речиси како предводник, со мешањето карактеристики на предводник и телефон од средната класа. И тоа не е сè.

Смартфонот дефинитивно освои овации поради фактот дека е отпорен на вода со стандардот „IP57“. Сосема можно е да го видиме овој показател и кај „HTC Ocean“ во 2017-та година.

Има и подобрувања во квалитетот и јачината на звукот. Од друга страна, корисникот добива само „USB“ порт „Type-C“.

И конечно – „HTC 10 Evo“ пристигнува со оперативниот „Android 7.0 Nougat“ и со интерфејсот „HTC Sense“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП