26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит рекорд на индексот Dow Jones

На Волстрит рекорд на индексот Dow Jones

wallstreet33399

Како последица на растот на цената во банкарскиот сектор, на Волстрит во четвртокот индексот Dow Jones го достигна најголемото искачување, додека пак Nasdaq индексот бележи пад заради менувањето на позициите на вложувачите поради победата на Доналд Трамп на американските претседателски избори.

Индексот Dow Jones скокна за 1,17 отсто, односно на рекордни 18.807 поени, додека S&P 500 индексот порасна за 0,2 проценти, на 2.167 бодови, додека Nasdaq индексот забележа пад од 0,81 отсто, на 5.208 индексни поени.

Рекордното достигнување на Dow Jones е благодарение на скокот на цените во финансискиот сектор за 3,7 отсто, при што индексот во тој сектор го достигна највисокото ниво од финансиската криза во 2008 година.

За два дена откако Долад Трамп ја оствари победата, финансискиот сектор скокна за 7,9 отсто, како последица на изјавите на Трамп во предизборната кампања кога најави рекстрикции за банките. Меѓу останатото повикот на ткн Dodd-Frank законот со кој се регулира односот меѓу банката и коминтентот, на кој банките дадоја отпор.

Вчера со мал раст од 2 отсто пораснаа и цените во индустрискиот сектор, додека пак голем пад се бележи во технолошките компании.

Така цената на Apple падна на 2,8 а на Amazon 3,8 отсто, оа така S&P индексот во технолошкиот сектор падна на 1,6 отсто. Тоа е и главната причина за падот на Nasdaq индекост во кој состав се голем број од технолошките компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП