26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска банка АД Битола оствари позитивен финансиски резултат заклучно со третиот квартал

Стопанска банка АД Битола оствари позитивен финансиски резултат заклучно со третиот квартал

stbb

Во третото тримесечје од 2016 година Стопанска банка АД Битола работеше во согласност со усвоената Деловна политика и финансиски план на Банката за остварување на клучните цели и задачи за максимален профит преку оптимално ангажирање на изворите на средства во сигурни и профитабилни пласмани, прилагодувајќи го тековното работење на економските и пазарните услови во земјата.

Анализирајќи го периодот од 1.1 до 30.9.2016 година, споредено со истиот период од минатата година, нето-приходите од камати што се основна компонента во формирањето на вкупните приходи бележат раст од 31,99 милиони денари, односно 16,72%.

Кредитната активност и севкупно зголемениот обем на работа на платниот промет во земјата и во странство придонесоа раст на нето-приходите од провизии и надоместоци од 5,14 милиони денари, односно 8,15% во споредба со истиот период од минатата година.

Нето-приходите од курсни разлики на крајот од третиот квартал изнесуваат 18,66 милиони денари и во однос на минатата година бележат раст од 36,11%.

Во првите три квартали од 2016 година останатите приходи од работењето на банката изнесуваат 34,52 милиони денари и, споредено со истиот период од минатата година, се повисоки за 11,70 милиони денари или 51.29%, како резултат на реализирани капитални добивки од продажба на преземениот имот и приходи од хартии од вредност (дивиденди).

Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е пониска за 45,20%, во однос на исправката издвоена во периодот од 1.1 до 30.9.2016 година, што укажува на високата претпазливост при преземање на кредитниот ризик што Банката континуирано ја спроведува при нејзиното работење.

Издвоените исправки на вредност во анализираниот период соодветствуваат на обемот, структурата и квалитетот на пласманите на банката. Следствено на тоа, во првите три квартали од 2016 година е издвоена помала загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето-основа за 29,52%, споредено со истиот период од минатата година.

Паралелно со зголемениот обем на работа, проширувањето на мрежата на АТМ уреди, како и зголемениот број вработени, оперативните расходи бележат зголемување од 14,14% во однос на периодот од 1.1 до 30.9.2015 година.

Имајќи ги предвид условите на стопанисување во домашната економија и силната конкуренција на банкарскиот сектор, Стопанска банка а.д. Битола успеа да оствари позитивен финансиски резултат за периодот од 1.1 до 30.9.2016 година во износ од 2,29 милиони денари.

Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде фокусирана на понатамошно подобрување на квалитетот на кредитното портфолио и на вкупната актива преку засилени активности за наплата на нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Воедно, Банката ќе настојува преку понудата на иновативни и конкурентни производи и услуги што во целост ќе одговараат на потребите на клиентите да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции поголема во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде услови за понатамошно подобрување на финансискиот резултат на Банката.

Целокупниот финансиски извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП