26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдложен самитот ЕУ-Канада, белгиските политичари не се договорија за СЕТА

Одложен самитот ЕУ-Канада, белгиските политичари не се договорија за СЕТА

%d0%b1%d0%b5%d0%b5%d0%bb

Белгиските политичари не успејаа да се договорат околу планираното потпишување на договорот за слободна трговија помеѓу Европската унија (ЕУ) и Канада, со што закажаниот самит за четврток се одложи, пренесува Reuters.

Белгиските претставници сепак се согласија да ги продолжат разговорите во обид да постигнат консензус со што потпишувањето на договорот би останало можно. Канадскиот премиер Џастин Трудо ја откажа посетата на Брисел, којашто требаше да започне во средата вечер, а да кулминира со потпишување на СЕТА во четврток.

Договорот за слободна трговија, којшто се подготвува веќе седум години, е поддржан од страна на останатите 27 членки на ЕУ, но беше одбиен од страна на белгиската франкофонска покраина Валонија, што значи дека Белгија не може да даде своја согласност за овој договор.

Белгискиот премиер Шарл Мишел во последните неколку дена работеше со челниците на белгиските региони и јазични заедници за се постигне согласност околу увозот на земјоделските производи, бидејќи постојат критики дека ова би можело да биде искористено од страна на мултинационалните компании во воспоставувањето на јавната политика.

„Направивме доста напредок, но се уште не сме таму. Ќе продолжиме утре, блиску сме до договор“, изјавил претставникот на германската јазична заедница во Белгија, Оливер Паш во средата вечер.

Канадскиот премиер Трудо деновиве им порача на европските челници дека Унијата „ќе покаже дека е на погрешен пат, доколку не го потпише договорот со една прогресивна нација како што е Канада“.

„Канадската делегација вечер нема да патува за Европа. Канада останува подготвена да го потпише овој важен договор, се додека и Европа е подготвена“, изјавил Алекс Лоренс, портпарол на канадската министерка за трговија Кристија Фриленд.

Белгиската покраина Валонија, пак, се противи на СЕТА поради тоа што сака подобра заштита за своите земјоделски производи и исто така има примедби на прашањата околу арбитражата за решавање на инвестициските спорови, кои наместо на редовните судови во земјата ќе се препуштат на меѓународна арбитража, со што големите мултинационални компании можат да го заобиколат правосудниот систем и политичките одлуки на земјите во кои вложуваат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП