26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку пати смеете да користите еден ист брич? Еве го одговорот...

Колку пати смеете да користите еден ист брич? Еве го одговорот…

119311_brijanje-profimedia0033051141_630x0

Колку пати користите еден ист брич? Повеќето жени ги користат многу подолго од тоа што е препорачливо за здравјето.

Витни Вон, американски дерматолог појасни дека бричот треба да го фрлите по пет до седум бричења.

Кога ќе го употребите прв пат, би требало да го фрлите по еден месец, бидејќи на него се собираат бактерии. Особено е опасно, ако бричот ви стои близу до кадата или тушот, односно постојано е во влажна средина што е уште поповолно за бактериите, а вие со него ја бричите бикини зоната.

Затоа, по користењето би требало добро да го измиете, да го исушите со хартија и да го одложите на суво место.

На првиот знак на рѓа или намалувалување на острината фрлете го бричот за да избегнете инфекции, кои можат да бидат многу опасни – изјави Витни Вон.

Мажите би требало да го менуваат бричот на две недели. Никогаш не користете еден ист брич за целото тело. За интимните зони користете посебен брич, истото се однесува и за лицето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП