26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТретиот Opel Meriva исто така станува кросовер

Третиот Opel Meriva исто така станува кросовер

merivakross33

Сегашниот „Opel Meriva“ дебитираше уште во 2010-та година и беше позициониран како типичен семеен автомобил. Неговата главна предност беше практичноста, но сепак работите не се добија. Со секоја измината година продажбата на моделот бележи пад, за да достигнат до 53.000 примероци во 2015-та година.

Ова го натера раковдството на „GM“ да го преиспита концептот на возилото и да ги намали трошоците и напорите за правењето на негов наследник. Тој ќе се појави следната година, а ќе ја користи платформа на „PSA Peugeot-Citroen“. Во случајот сепак станува збор не за новата модуларена шасија „EMP1“, туку за старата „PF1“ која е во основата на „Peugeot 2008“ и „Citroen C3 Picasso“.

Токму овие два модела ќе се „сродни“ со новата „Meriva“, пишува весникот „Automotive News Europe“ што го цитира шефот на „Opel“, Карл-Томас Нојман. Според него станува збор за целосно нов модел. Тој ќе се разликува од Французите не само по агресивниот дизајн, но и со безбедносните агрегати.

Не е исклучено дури „Meriva“ да добие ново име, за да може да бидат избегнати асоцијациите со сегашниот модел. Микрованот ќе личи максимално на кросоверот, но ќе ги задржи практичните квалитети и лесно трансформираната кабина. Тој ќе се разликува од новата „Mokka“, а нема да се нуди со систем „4х4“. Причината е дека платформата „PF1“ станува само за автомобили со преден погон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП