26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini започнува со работа на „автомобил на иднината“

Lamborghini започнува со работа на „автомобил на иднината“

future-lambo

„Lamborghini“ потпиша договор со МИТ (MIT). Соработката меѓу двете страни ќе доведе до размена на искуства во изработка на нови материјали и технологии кои ќе помогнат за создавање на „суперавтомобилот на третиот милениум“.

„„MIT“ секогаш бил на едно од првите места во светот по создавање на иновативни технологии и сме горди дека ќе соработуваме со слична институција во науката. Сигурен сум дека заедно ќе успееме да решиме голем број проблеми и да го направиме „суперавтомобилот на иднината““, коментира шефот на „Lamborghini“, Стефано Доменикали, поранешен шеф на тимот на „Ferrari“ во Формула 1.

Основната идеја на Италијанците е развој на материјали кои ќе им овозможат да ја намалат тежината на идните автомобили на „Lamborghini“. Само пред еден месец компанијата склучи договор за испорака на слични материјали со „Mitsubishi Rayon“, а истовремено со тоа ја отвори својата лабораторија во Сиетл, која ќе работи во истата насока.

Во 2010-та година италијанскиот производител го претстави прототипот „Sesto Elemento“, кој тежеше само 999 килограми. Каросеријата, ентериерот и тркалата на машината беа направени целосно од карбон, кој веќе се користи во сите нови модели на марката. Во „Lamborghini“ сметаат дека ќе можат да направат и мотор од овој материјал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП