26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдобрено: Дефицитот во касата го решаваат по желба на ЕУ

Одобрено: Дефицитот во касата го решаваат по желба на ЕУ

shpanija-madrid

Шпанските пратеници ги одобрија мерките за намалување на буџетскиот дефицит, со цел дефицитот во државната каса да го усогласат со нивото договорено со Еврoпската унија.

Шпанската привремена влада на конзервативната Народна партија не можеше по закон да направи кратења во буџетот за 2016 година, па така мораше да побара одобрување од парламентот за алтернативните мерки за постигнување на нов целен буџетски дефицит од 4,6 проценти од бруто домашниот производ (БДП), пренесува агенцијата Франс прес.

Основната мерка претставува измена на одлуката за предвремена наплата на корпоративниот данок, од кој се очекува дека ќе донесе 8,0 милијарди дополнителни приходи.

Шпанија минатата недела му испрати на Брисел нацрт буџет за 2017 година, во кој признава дека земјата нема да може да го исполни целното намалување на дефицитот на 3,1 проценти од БДП наредната година, туку дека тој сепак ќе изнесува 3,6 проценти.

Мадрид наведе дека наредната влада ќе мора да одлучува за тоа кои дополнителни мерки да ги преземе.

Таргетираните нивоа на буџетскиот дефицит од 4,6 проценти и 3,1 проценти договорени се во август кога Европската комисија и дозволи на Шпанија, како што наведува Франс прес, да се извлече од ветувањата поврзани за надминување на дефицитот, поради кое на таа земја и се закануваше строга казна и намалување на средствата за помош.

Откако шпанската економија доживеа крах во 2008 година, јавниот дефицит на земјата ги надминува лимитите кои ги постави Брисел, и не успева да се врати во границите на ЕУ од 3,0 проценти од БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП