Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во вторникот регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје, со силина од 3.1 степен според Рихтер.
Земјотресот се случи во 12 часот и 52 минути, а истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала.
Жаришттот на овој потрес. чиј епицентар е кај скопската населба Усје, на шест километри централното градско подрачје, е на длабочина од 1,5 милометри.