27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Прасето кое сакаше да биде птица“ и во Јапонија меѓу најдобрите

„Прасето кое сакаше да биде птица“ и во Јапонија меѓу најдобрите

prase

Цртаниот филм „Прасето кое сакаше да биде птица“ на продукцијата ОХО, го „прелета“ светот и зема учество на најголемите светски фестивали

Од Prix Jeunesse во Минхен, Германија, преку Fun Chile, во Чиле, актуелната станица на неговите успеси е престижниот фестивал во Јапонија „Japan Prize“, каде што се пласира помеѓу десетте најдобри, во категоријата на Аудио-визуелни програми (за предучилишна возраст). Фестивалот е познат по ригорозните критериуми за влез во натпреварувачка конкуренција, поради високите стандарди на содржините кои мора да ги поседуваат финалистите.

Japan Prize е најголем фестивал за телевизиски програми во Азија, и е ориентиран кон едукативни програми од сите категории. Веќе 51 година диктира високи критериуми кои се однесуваат на вештината да се прикаже едукативна вредност, паралелно оценувајќи ја и уметничката. Жирито е составено од најпрестижни продуценти, директори на фотографија и режисери од целиот свет.

Цртаниот филм го создаде креативниот тим на „ОХО“. Продуцент е Пеце Талески, сценариото и режијата е на Елеонора Венинова, а анимацијата на Симон Стојановски и Диме Ѓорѓиевски. Илустрациите се на Тхе Мичо, а музиката е на Мите Димовски.

„Прасето кое сакаше да биде птица“ досега ги собра симпатиите на повеќе домашни и светски фестивали, како „Манаки“ во Битола, „Zlin Film Festival“ во Чешка, „Seoul Guro International Kids Film Festival“ во Јужна Кореја, „Supertoon Festival“ во Шибеник, Хрватска и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП