26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе забавува ли градежниот бум во Дубаи?

Се забавува ли градежниот бум во Дубаи?

oo dubai

Дубаи одамна го привлекува вниманието со амбициозни проекти кои го претворија емиратот водечки финансиски центар и едно од најактивните градилишта во светот.

Зад скелињата и крановите, сепак се гледа зголемената воздржаност меѓу градежните компании во позадина на пониските цени на нафтата, кои вршат притисок врз куповната моќ во целиот регион, пишува „Bloomberg“.

„Навистина нема како да ја предвидиме иднината“, коментира Мохамед Алабар, претседател на бордот на директори на „Emaar Properties PJSC“, компанија која ја градеше највисоката зграда во Дубаи и во светот. „Во моментов бизнисот се брои буквално „на прсти“ и многу внимателно, бидејќи средината постојано се менува“, вели тој.

Економскиот раст на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), во кои се вклучува и Дубаи, се очекува да е најбавен од 2010-та година поради падот на цените на нафтата. За цените на куќите прогнозите исто така не се оптимистички – се очекува пад од околу 7% во оваа година, кој може да се зголеми до 10% во следната година.

Во оваа година во Дубаи беа прогласени доста повеќе градежни проекти во споредба со минатата. Меѓу нив е и „The Mall of the World“ – проект со кој се предвидуваше да се состои од 100 хотели и најголемиот трговски центар во светот. Градителот сепак – „Dubai Holding“, уште не објавил конкретен датум за почнување.

Аналитичарите коментираат дека уште некои проекти ќе се реализираат со цел задоволување на помалата побарувачка. Растот на пазарот на трудот, сепак се забавува, поради што се очекува и пад на побарувачката, кој ќе влијае најмногу на проектите во горниот ценовен сегмент.

Дури и „Nakheel“ – компанијата која стои зад амбициозниот проект за вештачките острови Палма, пројавува веќе големо внимание при изградбата. Затоа и компанијата се насочува кон специфични ниша проекти, а останатите најверојатно ќе бидат замрзнати.

Не за прв пат Дубаи се соочува со замрзнување на обемот на изградба. Емиратот доживеа исклучително тешка криза поради светската финансиска криза од 2008-2009 година Оттогаш централната банка ги заостри правилата за кредитирање, двојни беа и даноците при продажба на имот, за да се оттргнат шпекулантите на пазарот.

Повеќето од новите станбени проекти нема да бидат подготвени пред 2020-та година, уште повеќе, дека пазарот има доволно резерви за апсорпција за дотогаш, коментираат од консултантската компанија „JLL“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП