26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗLamborghini се враќа на идејата за седан

Lamborghini се враќа на идејата за седан

lambo sedan eee

„Lamborghini“ се подготвува напорно за стартување на сериското производство на кросоверот „Urus“, а истовремено со тоа бара и начини за проширување на гамата на модели. Се дискутираат различни варијанти, меѓу кои се направени на хиперавтомобил или на помал „SUV“, но на крајот речиси сигурно ќе биде избрано создавањето на седан, тврди „CarAdvice“.

Во 2008-ма година производителот на спортски автомобили реализираше сличен модел – „Estoque“ (на сликата), но тој беше само концепт, иако изгледаше како подготвен за сериско производство на возилото. Тогаш во „Lamborghini“ одлучија да му дадат приоритет на кросоверот „Urus“, но тоа воопшто не значи дека топ-менаџерите на брендот се откажале целосно од идејата за создавање на седан.

Според зборовите на шефот на компанијата Стефано Доменикали, самиот тој е иницијатор на слична идеја. Во својата решителност Доменикали потсетува до голема степен на шефот на „Bugatti“ – Волгфанг Дорхајмер. За возврат тој решил категорично да направи суперхечбек по мотиви на концептот „16C Galibier“.

Интересно е дека иако двете возила досега се само хипотетички, всушност имаат нешто заедничко. Ако нивната идеја биде реализирана, тие ќе ја користат платформата „MSB“, која дебитираше кај новата генерација на „Porsche Panamera“.

За „CarAdvice“, Доменикали откри уште некои љубопитни детали за иднината на „Lamborghini“. Главната е дека во компанијата немаат намера да се придржуваат кон модните трендови со турбо-мотори кои се шират во индустријата и ќе продолжат да вложуваат во атмосферски V12 мотори. А исто така и нема шанси на автомобил на италијанската марка да се појави систем за автономно управување, барем во блиска иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП