26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

vrbjani

На магистралниот пат А-2 Кичево–Охрид кај с.Врбјани поради изведување работи на пат (минирање) во понеделник сообраќајот ќе биде во прекин 10–15 минути помеѓу 14:00 – 16:00 часот.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП