26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИXiaomi ќе претстави сериозен конкурент на iPhone

Xiaomi ќе претстави сериозен конкурент на iPhone

ubiec 33

На интернет се појави информација за смартфонот „Mi 5s Plus“, кој кинеската компанија „Xiaomi“ може да го претстави до крајот на овој месец.

Наводно, под куќиштето на новиот телефон ќе лежи „Qualcomm Snapdragon 821“. Овој чип има 4 јадрен „Kryo“ процесор до 2.4 гигахерци, графички акцелератор „Adreno 530“ и модем „X12 LTE“ за работа во мобилни мрежи од четвртата генерација.

Оперативната меморија најверојатно ќе биде 6GB, а засега обемот на внатрешната меморија е неодреден.

Познато е дека дијагоналата на екранот на допир на „Mi 5s Plus“ ќе биде 5.7 инчи. Односно смартфонот ќе биде дел од семејството на фаблетите. Резолуцијата ќе е 2560х1440 пиксели, што одговара на формата „QHD“.

Според првичните податоци, уредот ќе добие ултразвучен скенер за отпечатоци. Во споредба со традиционалните дактилоскопски сензори, тука производителот ќе примени повисока точност. Тоа ќе се постигне со помош на мапа на површината на палецот која се обезбедува и на најмалите детали.

Дебито на „Xiaomi Mi 5s Plus“ најверојатно ќе биде на 27-ми септември оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП