26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоздаден најголемиот хотелски ланец во светот

Создаден најголемиот хотелски ланец во светот

Meriot-600x338

Американскиот ланец хотели „Marriott International“ го заврши денес преземањето на ривалската компанија „Starwood Hotels & Resorts Worldwide“ за сума од 13 милијарди долари, со што брендовите на „Marriott“, „Courtyard“ и „Ritz Carlton“ се споени со „Sheraton“, „Westin“, „W“ и „St. Regis“ на „Starwood“.

Триесет хотелски брендови сега се во сопственост на „Marriott“, со што е создаден најголемиот хотелски ланец во светот со повеќе од 5.800 објекти и 1,1 милион соби во повеќе од 110 земји во светот, пренесува американската агенција АП.

„Marriott“ така го претекна „Hilton Worldwide“ кој поседува 773,000 соби и „ Intercontinental Hotels Group“ кој има 766,000 соби, покажуваат податоците на „STR“ која ги следи хотелските податоци.

Компанијата „Starwood“ во април минатата година беше ставена на продажба, а за преземање на таа компанија „Marriott“ морал да ја надмине понудата на кинеската осигурителна групација „Anbang“.

Американските и европските антимонополски регулатори брзо ја одобрија продажбата, но кинеската влада се противеше, одложувајќи ја продажбата со месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП