7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонските компании се повлекуваат од Велика Британија при Brexit

Јапонските компании се повлекуваат од Велика Британија при Brexit

japan kompanii vb

Владата на Јапонија предупредува дека ако Велика Британија излезе од составот на ЕУ, тогаш централите на јапонските компании кои се наоѓаат во земјата, ќе бидат повлечени, пренесе „БиБиСи“.

Во извештај на јапонското МНР пишува дека тоа може да се случи, ако законите на ЕУ престанат да се применуваат врз Велика Британија. Во Извештајот се повикува владата на земјата „да се однесува одговорно“.

Околу 140.000 Британци работат во јапонски компании.

Владата го има добиено текстот на извештајот на почетокот на неделата. Таму пишува дека „јапонските компании со европски централи во Велика Британија може да одлучат да се преселат во Континентална Европа, ако законите на ЕУ престанат да важат на територијата на Велика Британија“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП