26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple подготвува социјална мрежа?

Apple подготвува социјална мрежа?

soc apple3

Американската технолошка компанија „Apple“ се обидува да почне да заработува од популарноста на социјалните мрежи и поради тоа започна да развива апликација за споделување и уредување на видео содржини. Истовремено тестира нови функции за оперативните системи за „iPhone“ и „iPad“, пишува „Bloomberg“.

Првичните планови се дел од новиот фокус во интегрирањето на апликации за социјални мрежи во рамките на мобилните производи на „Apple“ и се одговор на успехот на компании како „Facebook“ и „Snapchat“, тврдат извори запознаени со стратегијата на „Apple“. Портпаролот на технолошкиот гигант одбил да коментира на ова прашање.

Растот на бизнисот на „Apple“ со хардвер се забавува, а извршниот директор Тим Кук упатува поглед кон бизнисот со услуги на компанијата, како „App Store“ и „iCloud“, бидејќи гледа во нив можност за зголемување на приходите.

„Apple“ во минатото не успеа да пушти успешна социјална мрежа, вклучувајќи го и фокусирањето околу „iTunes“ мрежата „Ping“, која се појави во 2010-та година.

Сега, кога популарноста на „Snapchat“, „Instagram“ и „Messenger“ на „Facebook“ се зголемува, „Apple“ бара начин да создаде сопствени предлози кои ќе им се допаднат најмногу на помладите корисници.

Важноста на социјалните мрежи се гледа од времето што луѓето го поминуваат во нив. На пример мобилните корисници на „Facebook“ поминуваат во разгледување на листата со вести, „Instagram“ и „Messenger“ просек по 50 минути на ден, додека 150-те милиони активни корисници на „Snapchat“ дневно поминуваат по околу 30 минути на ден во апликацијата за споделување на слики и видео содржини.

Од 10-те топ бесплатни апликации за „iPhone“ во „App Store“, создадени од други компании, „Facebook“ поседува три, а „Snapchat“ – две.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП