27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен сообраќај на патните правци

Зголемен сообраќај на патните правци

avtopat-obikolnica-soobrakajot

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини можни се задржувања од 20-тина минути за влез и за излез од државата.

На автопатот А1/Е75 Табановце-Богородица зголемен е интензитетот на сообраќај во правецот на север. На наплатните станици за патарина Стоби, Отовица и Романовце присутен е поголем број возила. Поголем број возила е присутен и за излез од Р.Македонија на граничните премини „Табановце“ и „Богородица“.

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни автомобили.

ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП