26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle започна со дистрибуција на Android 7

Google започна со дистрибуција на Android 7

noug33

„Google“ објави дека започнува да ја шири новата генерација на „Android“ до телефоните „Nexus“. Со тоа „Android 7 Nougat“ ја завршува разработката според редоследот, но за жал повторно ќе потрае доста време пред масовно телефоните да започнат да го користат.

Интернет гигантот вели дека направил над 250 големи промени во „Nougat“. Меѓу нив се полесното мени за брз пристап до поставувањата и друго. Анексите ќе одржуваат неколку јазични локации истовремено, што значи дека корисниците кои зборуваат повеќе од еден јазик, ќе можат да користат локализирани верзии на апликациите и да бараат на неколку јазици во истовреме.

„Android 7 Nougat“ воведува и поддршка за користење на две или повеќе апликации истовремено во одделни прозорци на екранот. Платформата има и подобрен систем за управување со енергијата, која ќе го зголеми животниот век на батеријата преку мноштво ситни корекции и промени во начинот на кој уредот ќе процени кога да ги користи максималните ресурси и кога не.

Оперативниот систем ја поддржува платформата за мобилната виртуелната реалност „Daydream“. Таа е и посигурна со повеќе системи за заштита, подобрен процес за обнова и енкрипција на одделни датотеки.

„Android 7“ ќе се нуди за „Nexus 6“, „5X“, „6P“, „9“, „Android One“, „Nexus Player“ и „Pixel C“. Компанијата вели дека ќе бидат потребни неколку недели додека сите овие уреди ја добијат новата платформа. Првиот нов телефон кој ќе се нуди со „Android 7“, ќе биде „LG V20“. Производителите на паметни телефони сами ќе проценуваат кои модели ќе ги обноват со „Nougat“ и кога.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП