1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на швајцарски часовници и натаму бележи пад

Извозот на швајцарски часовници и натаму бележи пад

izvoz casovnici 333 s

Извозот на швајцарски часовници се намалува веќе 13-ти месец по ред во јули, откако Хонгконг слезе на второ место во своевидното рангирање на најголемите пазари за прв пат по повеќе од една деценија, наведува „Bloomberg“.

Извоз во целина се намалува за 14% до 1,6 милијарди швајцарски франци (1,7 милијарди долари), покажуваат најновите податоци на Федерацијата на швајцарската часовничарска индустрија.

Приспособен спрема работните денови, падот на месечниот извоз е од 5,9%, покажуваат податоците на швајцарската царина.

Само извозот за Хонгконг е намален за 33% до 175 милиони франци. Земјата традиционално беше најголемиот пазар за луксузни часовници.

Приходите од продажбата во САД, кој веќе е најголемиот пазар, се за 15% помали до 179 милиони франци.

Пад побарувачката се шири од Азија до главните пазари на индустријата во Европа.

Профитот на „Swatch Group AG“ за првото полугодие се намали за 54%, соопшти во јули производителот на часовниците „Omega“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП