26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот Audi A1 ќе порасне и ќе стане полуксузно

Новиот Audi A1 ќе порасне и ќе стане полуксузно

a1 re

Сегашната генерација на „Audi A1“ помина добро на пазарите и во компанијата веќе работат напорно на зачувување, но и на подобрување на резултатите при следната генерација. Според „Audi Express“ таа ќе се појави на крајот на 2018-та година.

Главната промена кај хечбекот ќе биде преминувањето на нова архитектура. Тој ќе биде изграден на најмалата верзија на платформата на концернот „Volkswagen“ – „MQB“. Употребата на шасијата со индекс „А0“ ќе доведе и до промена на фабриката, во кој се произведува моделот – од Брисел, тој ќе биде преместен во Барселона.

Преминот на нова архитектура ќе доведе до зголемување на димензиите на хечбекот. Неговото меѓуоскино растојание ќе се зголеми од сегашните 2470 мм на 2560 мм. Ова ќе влијае на удобноста при возењето на патниците на задните седишта, како и на обемот на багажникот. Сега тој е 270 литри, но ќе се зголеми до 300 литри.

Основната верзија на новото „Audi A1“ ќе се потпира на 3-цилиндричен бензински мотор со зафатнина од 1,0 литар и моќност од околу 100 КС. Останатите мотори ќе бидат 1,5-литарски од новото семејство кое „Volkswagen“ го воведува кај моделите уште оваа година. Тие се бензински и дизел, а развиваат меѓу 90 и 160 КС.

Веќе е потврдено дека ќе има и верзија „RS1“ уште кај сегашната генерација на „Audi A1“. Таа ќе добие 2,0-литарски мотор со 284 КС, а неговата моќност ќе биде зголемена на 300 КС при следната генерација на моделот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП