8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски Телеком ќе донира два милиони денари за санација на куќите од...

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за санација на куќите од поплавите

poplava 353535

Македонски Телеком ќе донира два милиони денари за семејствата од поплавените подрачја кои како последица на силното невреме претрпеа големи материјални и емотивни штети.

Средствата ќе бидат префрлени на посебната донаторска сметка на општина Гази Баба, отворена за оваа намена и ќе се искористат исклучиво за реконструкција на нивните домови.

Вработените во Македонски Телеком истовремено организираат донаторска акција за помош во соработка со Црвен Крст за собирање на најнеопходните средства и ќе помагаат на терен во санирање на штетите во настраданите подрачја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП