26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија би можела да се врати на лирата

Италија би можела да се врати на лирата

lira italija

Нова закана за Европската унија е на повидок, со оглед дека Италија би можела да се врати на старата валута, лирата, што би можело да предизвика Quitaly.

Италијанската економија е ослабена, а во последните две децении, во кои нема забележано раст, нејзините производи ја загубија конкурентноста на пазарот.

Бавниот или речиси никаквиот раст и високото ниво на невработеност резултираа со задолжување на земјата кое сега е товар на италијанските банки.

Непромислените задолжувања доведоа до ослабување на економијата, но сето тоа е симптом на проблемот, а не причина, пишува Guardian.

Италија не доживеа период на ненадеен економски раст пред големата рецесија 2008 и 2009 година, како што беше случајот со Грција, Шпанија и Ирска.

Пред да се придружи на еврозоната, Италија имаше можност за девалвирање на лирата, што и помагаше при остварувањето на конкурентноста. Но, таа опција не е можна, бидејќи моменталната валута во Италија е еврото.

ЕУ веќе минува низ забавување предизвикано од Брегзит, а и онака ослабената Италија најмногу страда.

Левицата во таа земја ја загуби моќта и е заменета со движењето Five Star, кое има намера да одржи референдум за да се укине еврото во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП