26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s вети - работа за 5.000 Британци

McDonald’s вети – работа за 5.000 Британци

article-2166611-13DAD9CE000005DC-446_634x366

McDonald’s ќе отвори повеќе од 5.000 работни места во Велика Британија до крајот на следната година, соопшти американскиот синџир на брза храна и покрај економските неизвесности што уследија по гласањето за Brexit.

„Овие нови работни места, покрај оние 8.000 што ги најавивме во 2014 година, ја подигаат нашата работна сила на преку 110 илјади вработени пред рокот“, наведе во соопштението генералниот директор на McDonald’s во Велика Британија, Пол Помрој.

Помрој оваа одлука ја припиша на растот на инвестициите и иновациите во 500 ресторани за брза храна на ова компанија во Велика Британија, од кои повеќето сега нудат услуга на носење на нарачката на маса.

McDonald’s планира да отвори дополнителни 250 ресторани за брза храна до крајот на ова година, продолжувајќи со своите планови за експанзија, без оглед на економската неизвесност по Brexit.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП