26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на акциите на Волстрит, раст на европските берзи

Пад на акциите на Волстрит, раст на европските берзи

акции-волстрит

Цените на акциите на Волстрит паднаа во понеделник бидејќи инвеститорите се внимателни заради поевтинувањето на нафтата и лавината од бизнис извештаи на компаниите која следи.

Dow Jones ослаби 0,42 отсто на 18.493 бодови, S&P 500 се лизна 0,3 отсто на 2.168 бодови, а Nasdaq 0,05 отсто на 5.097 поени.

Во сите десет сектори на S&P 500 индексот цените на акциите во понеделник паднаа, а ги предводеше енергетскиот сектор со загуба од речиси два отсто.

Тоа е последица на понатамошниот пад на цената на нафтата затоа што понудата на црното злато и натаму е значително поголема од побарувачката. Цена на барелот на американскиот пазар се лизна во понеделник два отсто на 43,15 USD, најниското ниво за два и пол месеца.

Инвеститорите се внимателни и заради тоа што ова недела квартални бизнис резултати ќе објават редица големи американски компании, меѓу кои технолошките гиганти како Apple, Facebook и Alphabet.

Во досегашната сезона на објави на финансиските извештаи повеќето компании објавија податоци со нешто подобри резултати од она што се очекуваше.

Аналитичарите проценуваат дека профитот на компаниите од S&P 500 индексот во изминатото тромесечје паднале 3,7 отсто во однос на истиот период лани, додека на почетокот на сезоната на објавата на квартални извештаи очекувале пад на заработките од пет отсто.

На внимателност кај инвеститорите укажува слабиот обем на тргување. На американските берзи сопственици во понеделникот заменија 5,9 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во последните 20 дена изнесувал седум милијарди акции.

На повеќето европски берзи цените на акциите во понеделник пораснале. Франкфуртски DAX индекс зајакна 0,50 отсто на 10.198 бодови, а париски CAC 0,16 отсто на 4.388 бодови. Лондонски FTSE ослаби 0,3 отсто на 6.710 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП