26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVerizon го купува Yahoo за 4,8 милијарди долари?

Verizon го купува Yahoo за 4,8 милијарди долари?

verizon-yahoo-832x333

Американскиот телекомуникациски концерн „Verizon Communications Inc.“ ќе ги објави плановите за купување на основните бизниси на „Yahoo! Inc.“ за 4,8 милијарди долари – чекор кој може да доведе до крајот на месечната битка за веб ветеранот.

Вестите за зделката се очекуваат пред отворањето на берзите во САД, изјави за „Bloomberg“ извор запознат со ситуацијата, кој побарал да не биде идентификуван.

Договорот вклучува средствата на „Yahoo“ со недвижности, додека дел од интелектуалната сопственост треба да се продаде одделно, вели изворот. „Yahoo“ ќе биде продадена со акциите во „Alibaba Group Holding Ltd.“ и „Yahoo Japan Corp.“, со комбинирана пазарна вредност од околу 40 милијарди долари.

Трансакцијата ќе стави крај на долготрајните месеци студија на „Yahoo “ за стратешки алтернативи во позадина на притисок од страна на активистот инвеститор „Starboard Value LP“. Зделката веројатно ќе стави крај на владеењето на главниот извршен директор на „Yahoo“ Мариса Мајер, која се обиде, но не успеа да ја закрепне „Yahoo“ како независна компанија.

Портпаролот на „Verizon“, Боб Варетони и портпаролката на „Yahoo“, Ребека Нојфелф одбиваат коментари пред Bloomberg.

Пред неколку дена „Bloombrg“ напиша дека „Verizon Communications Inc“., основачот на „Quicken Loans“, Дан Гилберт и „Vector Capital Management се главните кандидати за стекнување на „Yahoo Inc“. Тие поднеле понуди пред крајниот рок на „Yahoo“ во понеделникот. Интерес пројавиле и „AT & T Inc.“ и Фондот за приватен капитал „TPG“.

„Verizon“ планира да го задржи брендот „Yahoo“, вели извор запознаен со плановите.

Кога наддавањето започна во април, „Verizon“ зазеде непосредно челна позиција со пазарна капитализација од околу 228 милијарди долари и план за тоа како да го вклучи „Yahoo“ во својот дигитален медиумски бизнис, кој го вклучува „AOL“ кој беше купен минатата година за 4,4 милијарди долари.

Конкуренцијата на „Verizon“ беше претежно од компании за инвестирање, како „Bain Capital“, „Vista Equity Partners“, „TPG“ и „Advent International Inc.“, како и група, предводена од основачот на „Quicken Loans“ Дан Гилберт. „AT & T Inc.“ се приклучи на процесот во наддавање, но не се смета како сериозен кандидат, велат луѓето запознаени со ова прашање.

Во јуни „Verizon“ поднесе понуда за 3 милијарди долари, но во неа не се вклучуваат недвижностите на „Yahoo“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП