27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија го соборува советскиот рекорд во производството на нафта?

Русија го соборува советскиот рекорд во производството на нафта?

русија-нафта

До 2018 Русија би можела да произведува околу 11,65 милиони барели и така да го собори советскиот рекорд од пред 30 години.

Тогаш имено, дневно се произведувалe 11,42 милиони барели нафта (1987 година) објави агенцијата Блумберг.

Според прогнозите на аналитичарите на Goldman Sachs Group „производството на нафта ќе расте во наредните три години и ќе се зголеми за додатни 590 илјади барели, што вкупно ќе изнесува 11,65 милиони барели нафта дневно“.

„Ние и понатаму позитивно го оценуваме секторот за производство на нафта во Русија“, вели раководителот на аналитичката група Goldman Sachs Гејдар Мамедов, додавајќи дека „руските нафтени корпорации, во моменталните услови, спаѓаат во мал број корпорации кои можат со сигурност да ги реализираат зацртаните цели и без проблеми да ги исплатуваат дивидендите“.

Аналитичарите на Goldman Sachs нагласиле и дека „ОПЕК не успеа да го усвои планот за ограничување на понудата на нафта на пазарот, па паралелно на тоа, Русија, како најголем светски извозник, во април годинава најави зголемување на својот извоз. Тоа, значи, дека Роснјефт ќе го зголеми производството, посебно кога ќе се земе во предвид развојот на нови наоѓалишта во Сибир“.

Како што сметаат во компанијата Goldman Sachs, во 2016 година производството на нафта во Русија ќе изнесува 11,21 милиони барели дневно. Максималниот руски показател бил 11,06 милиони барели. А во 2017 производството на нафта во РФ може да достигне 11,47 милиони барели дневно.

Меѓутоа, како што пишува Блумберг, во Меѓународната агенција за енергетика (EIA) сметаат дека во 2018 година нивото на производство на нафта во Русија, напротив, ќе падне на 10,94 милиони барели дневно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП