26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРегионален центар за деконтаминација на ПХБ во „Раде Кончар Сервис“

Регионален центар за деконтаминација на ПХБ во „Раде Кончар Сервис“

rade-koncar

Во привите шест месеци од функционирањето на регионалниот еколошки центар за деконтаминација на трансформатори од Полихлорирани бифенили (ПХБ) во фабриката „Раде Кончар“ во Скопје, деконтаминирани се 150 тони трансформатори.

Ова го истакна претседателот на Здружението на метална и електроиндустрија при Стопанската комора на Македонија и директорот на „Раде Кончар“ Аце Антески на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека  трансформаторите се деконтаминираат со најсвремени италијански машини, кои имаат капацитет за деконтаминација на 700 до 800 тони трансформатори годишно.

–  Еколошкиот центар сместен во Раде Кончар Сервис, доколку продолжи со сегашното темпо на работа за нецели три години ќе ги деконтаминира сите 660 тони трансформатори во Македонија. Центарот е единствен во регионот и веќе има склучено договори со Србија, Република Српска, Црна Гора и Косово за деконтаминација на нивните трнасформатори, рече Антески.

Нагласи дека станува збор за најсовремен центар со сите еколошки заштити во кој се врши деконтаминација и прочистување на трансформаторското масло од ПХБ и деконтаминација на куќиштето на трансформаторот, а резултатите се проверуваат во акредитирана странска лабораторија.

– Кај нас ги носат трансформаторите на проверка и доколку констатираме дека имаат ПХБ ги деконтаминираме. Најголем дел од нив повторно се враќаат во употреба, а дел се расходуваат. Отстранувајќи ги ПХБ ги доведуваме трансформаторите во добра кондиција и ги враќаме од каде што сме ги зеле. Отстранетите ПХБ потоа се пакуваат во специјални буриња кои се транспортираат во Атина, Грција, рече Антески.

Додаде дека Македонија заштедува значајни средства со отворањето на еколошкиот центар во Раде Кончар бидејќи веќе не ги праќа транспформаторите во странство за деконтаминација, а и обезбедува прилив на средства од деконтаминирањето на трансформаторите од земјите од околината. Во иднина, посочи, се планира центарот да има и пошироко влијание од регионалното.

Полихлорираните бифенили (ПХБ) се отрови кои не се разаградуваат и предизвикуваат трајни оштетувања кај луѓето кои ќе дојдат во допир со нив. Најдобро место за нивно чување, велат стручните лица, се самите трансформатори доколку не протекуваат и се во функција. Проблем претставуваат трансформаторите кои се надвор од функција и кај кои се забележува мало протекување. Сепак, како што нагласи, Александар Мицковски од Министерството за животна средина и просторно планирање, ПХБ од трансформаторите кои не се во употреба во Македонија предизвикуваат минимално или воопшто немаат влијание на животната средина.

Регионалниот еколошки центар во Раде Кончар е направен со средства во висина од 380 илјади евра обезбедени од компанијата и донации од Глобалниот еколошки фонд. Во имплерментирањето на овој проект помогнаа Организацијата  за индустриски развој при ОН и Министерството за животна средина и просторно планирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП