26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈенот скокна во однос на доларот, еврото и фунтата поради политичката неизвесност

Јенот скокна во однос на доларот, еврото и фунтата поради политичката неизвесност

jen-evro-dolar

Јенот во петокот на меѓународните девизни пазари силно зајакна во однос на доларот, еврото и фунтата, бидејќи значително порасна побарувачката на посигурни засолништа за капиталот поради политичката неизвесност и по медиумските извештаи дека Европската централна банка (ECB) не размислува за ублажување на правилата поврзани со монетарното попуштање.

Јапонскиот јен во таквата атмосфера на пазарите скокна за 0,8 отсто во однос на американскиот долар, со кој така се тргуваше по 102,43 јени.

Британската фунта за повеќе од 1 отсто беше во минус во однос на јенот, лизнувајќи се на 136,11 јени, но се здржа над најниското ниво во последните три ипол години од 133,65 јени на која се лизна минатиот петок.

Фунтата, пак, остана речиси непроменета во однос на доларот во споредба со претходното затворање и со неа се тргуваше по 1,3296 долари.

Еврото во петокот благо закрпена во однос на доларот од острите загуби претходниот ден, откако Reuters извести ECB во моментов не размислува за ублажувањето на прописите на планот на монетарното ублажување, па со еврото се тргуваше по 1.1110 долари, што значи дека горе-долу останало непроменето во однос на претходниот трговски ден.

Јапонскиот јен, традиционалното засолниште за капиталот во нестабилните времиња, по Brexit, скокна на највисоките нивоа во последните две ипол години, за потоа да подзапре неговиот подем, па три последователни денови слабееше во однос на доларот и еврото како што фунтата бавно закрепнуваше од острите загуби поради кои дојде на најниските нивоа од 1985 година/

Меѓутоа, во атмосфера на зајакната политичка неизвесност во Велика Британија и откако гувернерот на британската централна банка Bank of England (BoE) изјави дека веројатно ќе бидат потребни дополнителни монетарни поттикнувања летово за да се поткрепи економијата, фунтата во петокот повторно се најде под притисок.

„Ќе имаме далеку повеќе глобални реперкусии на сето тоа, па имајќи предвид дека ризикот дека глобалниот раст би можел да забави, не мислам дека вложувачите во поголема мера ќе се повлекуваат од јенот“, вели Џејн Фоли, валутна аналитичарка во „Rabobanc“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП