26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСе подготвува уште помоќна Panamera со 700 ks?

Се подготвува уште помоќна Panamera со 700 ks?

pana34

„Porsche“ подготвува „Panamerа Turbo S“ со хибриден погон, дознава „Motor Trend“.

Иако неодамна беше претставена втората генерација на „Panamerа“, која нема да пристигне на европскиот пазар пред ноември, „Porsche“ најверојатно веќе има во план верзија која ќе има значително помоќен мотор од моментално најмоќната „Panamerа Turbo“ со 550 ks.

Повикувајќи се на извор од германската компанија, „Motor Trend“ пишува дека тој модел ќе има хибриден погон – покрај „V8“ би-турбо бензинецот ќе добие и електромотор. Хибридниот погон, според истиот извор, ќе произведува околу 700 ks.

„Panamera Turbo S“ би ја користела технологијата од „Porsche 918 Spyder“, што значи дека би имала два електромотори, по еден на предната и задната осовина. Вкупниот комбиниран максимален вртежен момент би бил дури 1.085 Nm.

Засега не е познато кога овој модел би требало да се појави на патиштата, но се шпекулира дека тоа би можело да се случи пред 2020-та, за кога е најавен целосно електричниот „Porsche“ заснован на концептот „Mission E“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП