27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Сопиште се местат отчитувачи за водовод на далечинско

Во Сопиште се местат отчитувачи за водовод на далечинско

citaci 33 voda

ЈП Водовод и канализација – Скопје почна со акција за поставување нови 800 модули за далечинско отчитување во Општина Сопиште, со вкупна инвестиција од 4.8 милиони евра.

„Планираме во овој период и во иднина да го засилиме темпото на поставување на модули за далечинско отчитување на територијата на Град Скопје. Инаку, до сега се поставени околу 5000 модули за далечинско отчитување и дополнителни 30.000 водомери, кои имаат можност на истите да се постават модули, во таа насока ќе настојуваме оваа бројка да биде значително поголема“, вели Александар Атанасов, директор на Водовод и канализација.

Со поставување на овие модули, значително ќе се олесни читањето на водомерите на корисниците, а бенефит од истото ќе имаат и граѓаните и ЈП Водовод и канализација – Скопје.

По завршување на акцијата во Општина Сопиште, следна акција за поставување на модули за далечинско отчитување ќе биде во Општина Центар, а во наредниот период ќе се спроведат слични акции и во други места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП