27 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКонцерт на класична музика за деца пред Дом на АРМ

Концерт на класична музика за деца пред Дом на АРМ

концерт

Во петок, на платото пред Дом на АРМ во рамките на Скопско лето 2016 ќе се оддржи концерт на класична музика наменет за децата со наслов ,,Гудачки квартет во наше маало”.

На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Л.Бокерини, Ж. Бизе, П.И Чајковски и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во изведбата на традиционалите македонски песни.

Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко –виолина, Љубица Бошковска – виола и Маја Михајловска на виолончело.

Концертите насловени како „Гудачки квартет во наше маало“, досега беа реализирани во неколку општини во главниот град и тоа во основните училишта „Лазо Ангеловски“, ,,Владо Тасевски“ во училиштето за слепи деца ,,Димитар Влахов,, и во “,,Живко Брајковски“ каде се реализираа два концерти – на македонски и на албански јазик. Од почетокот на годината Пламенка Трајковска – мали камерни состави реализираа концерти за децата во Кичево и Штип.

Целта на концертите е запознавање и доближување на класичната музика до децата и за учениците од училиштата кои ретко или никогаш не посетиле концерт од класична музика. Посебно внимение е посветено на најмладата публика кај која се побудува интересот за музичките инструменти, виолина, виола и виолончело.Реакциите од досегашните концерти се незаборавни, децата покажуваат голема заинтересираност за класичната музика. Топлиот аплауз после секое изведено дело од класичната музика ни даваат мотив да продолжиме да работиме на полето на едукација на децата и нивно запознавање со овој вид на музика.

Голема благодарност на Дирекцијата за култура и уметност за поканата да бидеме дел од Скопско лето 2016 година. Со овој концерт ке им овозможиме на децата да проследат концерт со класична музика на отворен простор и во рамки на манифестација со долгогодишно реноме.

„Се надевам дека ова ќе биде поттик и за сите други манифестации и фестивали да вклучат концерти за деца во своите програми“, вели Пламенка Трајковска, академски музичар и виолинист.

Ова е една одлична прилика, на која децата можат да ја осетат убавината на класичната музика преку камерното музицирање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП