26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz подготвува уште еден SUV

Mercedes-Benz подготвува уште еден SUV

b-class suv33

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ ќе ја пополни гамата со нов кросовер, кој ќе го заземе местото меѓу „GLA“ и „GLC“ во палетата на брендот, објави „Auto Express“.

Идниот компактен „SUV“ ќе се нарекува „GLB“, а во основата ќе биде хечбекот со преден погон „B-Class“. На објавените фотографии се гледа прототип на помалиот „GLA“, но со малку променети димензии. Основната разлика е во пространата кабина, како и во зголеменото до 2699 мм растојание помеѓу двете оски.

Како и „донаторот“, така и новиот „GLB“ ќе биде со преден погон, но ќе се нуди и систем за погон на четири тркала. Моторите ќе бидат позајмени од „А“ и „B-Class“, а се предвидува и „спортска модификација“ – „Mercedes-AMG GLB 45“.

Во компанијата предвидуваат дека новиот модел може да се појави на пазарот во 2018-та година. Германците се надеваат дека со него ќе успеат да ја зголемат продажбата на „B-Class“, која минатата година во Европа изнесуваше 79.721 возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП