26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVW Amarok зa 2017-та година (фото)

VW Amarok зa 2017-та година (фото)

vamrok 00

„Volkswagen“ ги објави фотографиите и техничките детали од освежениот модел „Amarok“, кој во продажните салони ќе пристигне на крајот на септември.

„VW Amarok“ на пазарот е од 2010-та, така да редизајнот беше неопходен со цел возилото да остане конкурентно до појавувањето на следната генерација. Како и обично кога станува збор за „Volkswagen“, стилските промени не се големи.

vamrok 01

Во овој случај, благо се редизајнирани предниот и задниот браник, светлосните групи и маската на ладилникот, а во понудата ќе се најдат и нови алуминиумски бандажи.

Промените во кабината се малку поголеми. Командната табла сега повеќе потсетува на актуелните патнички автомобили на „Volkswagen“, отколку на лесно комерцијално возило, каков што е „Amarok“. Eкранот на мултимедијалниот систем е подигнат на врвот на централната конзола, а отворите за вентилација повеќе не се во форма на круг.

vamrok 02

Покрај тоа, променет е и дизајнот на командите на клима уредот. На купувачите ќе им биде достапен и електрично подесиви „ergoComfort“ предни седишта кои „VW“ ги користи во програмата на патнички возила. На тој начин, возачот и совозачот ќе можат прецизно да ги наместат своите позиции за седење во дури 14 правци, додека навлаките се изработени од луксузна „Nappa“ кожа.

Еден од новитетите е и елегантниот внатрешен ретровизор без рамка. Мултимедијалниот систем е од последната генерација, со навигација, „DAB“ дигитално радио и гласовни команди.

vamrok 03

Во понудата е и „Park Pilot“ системот кој се комбинира со задни паркинг сензори со задна камера, поради полесно маневрирање во рикверц.

Најголема новост е воведувањето на 3.0 литарскиот V6 турбодизел кој ќе биде достапен во варијатни со 163 ks (120 kW), 204 ks (150 kW) и 224 ks (165 kW). Најмоќната верзија развива максимален вртежен момент од 550 Nm при само 1.500 o/min, што е значително подобар резултат во споредба со претходно најмоќниот 2.0 би-турбо мотор (180 ks, 420 Nm).

vamrok 04

Основниот „Amarok“ ќе се продава со заден погон, а со доплата ќе може да се добие „4MOTION“ погон „4×4“. „Volkswagen“ соопшти дека го оптимизирале преносниот систем и дека нивниот модел во Европа ќе биде опремен со „Servotronic“ управувачкиот систем.

Верзијата со 4 врати може во товарниот дел да превезе „Euro“ палета, а максималната носивост е нешто преку еден тон. „Amarok“ зa 2017-та може да повлече приколка со маса од 3,5 тон.

vamrok 05

Најевтината „Double Cab“ верзија со заден погон и „Trendline“ пакетот во Германија ќе чини 25.720 eвра, додека во врвната понуда „Amarok Aventura“ со најмоќниот „V6“ турбо дизел мотор, погонот „4MOTION“ и осумбрзинскиот автоматски менувач, ќе се продава по цена од 46.525 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП