26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина во март забележа трговски дефицит

Кина во март забележа трговски дефицит

china1

Кина во март забележа трговски дефицит, во износ од 880 милиони долари, покажаа податоците објавени во средата, во кои функционерите предупредуваат на континуирана слабост на клучните развиени пазари.

Царинската управа објавила дека увозот на годишно ниво се зголемил за 14,1 проценти, на 183,07 милијарди долари, а извозот за 10 проценти, на 182,19 милијарди долари.

Првиот квартал од оваа година е заклучен со суфицит од 43,07 милијарди долари, соопштуваат од Царинската управа.

Портпаролот Женг Јесхенг изјави дека Кина и понатака е на добар пат да го оствари зацртаниот план за зголемување на обемот на трговијата во оваа година за осум проценти, сепак, укажувајќи на предизвиците што произлегуваат од состојбите во остатокот од светот.

„Досега не гледаме премногу знаци на подобрување на побарувачката од странските пазари“, изјави тој, „Сметаме дека значителниот пресврт во побарувачката кај големите развиени пазари е малку веројатен“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП