26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ се подготвува за спроведување на макропрудентна политика

ЕЦБ се подготвува за спроведување на макропрудентна политика

ecb-headquarters111

Европската централна банка (ЕЦБ) се подготвува за денот во кој ќе треба да користи политики врз кои нема целосна контрола и со кои нема искуство, пишува „Bloomberg“.

Бидејќи „ЕЦБ“ пумпа повеќе ликвидност во еврозоната, во обид да ја заживее инфлацијата, институцијата следи и за ризиците од надуените „балони“ во делови од економијата.

Со затегнувањето на монетарната политика се очекува пред најголеми ризици да се соочи секторот на имотите, затоа и во моментов во фокусот на вниманието се т.н. макропрудентни мерки.

Како што стана јасно на првата макропрудентна конференција на ЕЦБ, централната банка на еврозоната уште не располага со овластувањата кои би сакала да ги има, за да влијае на пазарот на недвижности, а и ефикасноста на овие неизпробани инструменти се оспорува.

Потпретседател Витор Констанциј повторно повика на поголема моќ со цел преземање на низа мерки, меѓу кои се ограничување на вредноста на хипотеките спрема вредноста на купување имот. Токму оваа мерка се покажа како исклучително ефикасна во зауздата на имотните „балони“ на други места во светот, наведува новинската агенција.

„За да се постигне финансиска стабилност немаме друг избор освен да користиме макропрудентна политика“, коментира Ларс Е. О. Свенсен, професор на Универзитетот во Стокхолм. Според него е илузија да се смета дека монетарната политика ќе има многу поголемо влијание.

Кариерата на Свенсен го илустрира јазот на мислењата за монетарната и макропрудентната политика. Во 2013-та година тој поднесе оставка од функцијата на подуправител на шведската централна банка „Riksbank“ поради неговото несогласување со тоа дали каматните стапки треба да се користат за да се зауздат рекордно високите цени на становите во земјата.

Способноста на алатките, како антициклични амортизери и ограничувањата за хипотекарни кредити за спречување на дисбалансите кои предизвикаа светската финансиска криза, е една од главните теми на конференцијата. Некои научници и политичари тврдат дека инструментите можат да имаат несакани последици или ограничен ефект. Според нив најдобар начин за спречување на продорот на „балонот“ е да се отстрануваат стимулите за да се „надува“ толку брзо како што е економски изводливо.

Во ЕЦБ имаат добра причина да размислат за ова прашање. Централната банка на еврозоната откупува средства за 80 милијарди евра месечно и ги кредитира банките при нулта камати. Билансот на институцијата се прошири до скоро 1 илјада милијарди евра од крајот на 2014-та година.

А сепак за банката воопшто не може да се каже дека не располага со сосема никакви макропрудентни инструменти. Дури и оние кои ги има, не биле распоредени како потенцијал, наведува агенцијата.

Констанциј пример наведува дека досега ЕЦБ не земала решение за дополнување на мерки преземени од национален регулатор. Ова не треба да се смета како знак за страв, дополнува Серџо Николета Алтимари, генерален директор на ЕЦБ за финансиската стабилност.

ЕЦБ појаснува дека во моментов го проширува своето истражување на финансискиот циклус и ефектите на макропрудентната политика. Неодамна институцијата го објави својот прв извештај за ова прашање, а и планира конференцијата да се одржува секоја година.

Констанциј коментира дека со сите институции ќе се одржува дијалог за темата, како и со финансискиот сектор и академијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП