26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz подготвува хибриден суперавтомобил

Mercedes-Benz подготвува хибриден суперавтомобил

hip mece 33

Германската компанија „Mercedes-Benz“ планира на пазарот да лансира хибриден суперавтомобил со поставеност на моторот во средина. Ова го пишува весникот „Autocar“, според кој со развој на моделот ќе биде ангажирана работилницата „AMG“.

Конструкцијата на автомобилот ќе биде целосно од карбон и алуминиум. Во основата на новиот енергетски агрегат ќе биде бензински V6 мотор со релативно скромен обем. Според шефот на „AMG“ – Тобијас Моерс, новиот модел ќе се разликува кардинално од претходно застапениот „Mercedes-AMG GT“ (на фотографијата).

Ако шефовите на концернот „Daimler“ дадат „зелено светло“ на проектот, од новиот суперавтомобил ќе бидат пуштени неколку модификации – купе, кабриолет, како и неколку специјални верзии. Еден од главните конкуренти на моделот ќе биде „BMW i8“, но возилото на „Mercedes-Benz“ ќе биде далеку помоќно.

Токму моќноста на хибридниот агрегат ќе му овозможи на новиот хибрид да се натпреварува со автомобили како „McLaren 650S“ и „Ferrari 488“. Двете спортски машини развиваат соодветно 650 и 670 КС, а се очекува моделот на „Mercedes-AMG“ да биде со слични карактеристики.

Впрочем, конкурентите на „Mercedes-Benz“ исто така не спијат, туку напорно работат во слична насока. Само пред неколку дена стана јасно дека „Audi“ развива нов спортски модел – „R6“, кој ќе го заземе место меѓу „TT“ и „R8“ во палетата на брендот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП