26 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на скулптури од Горан Ѓорев во Куманово

Изложба на скулптури од Горан Ѓорев во Куманово

skulpturi

Денес, со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на скулптури од академскиот скулптор Горан Ѓорев.

Изложбата содржи 16 скулптури работени во мермер во последните неколку години. Оваа изложба беше претставена во НУ Центар за култура “Антон Панов“ – Струмица во текот на декември 2015 година.

Горан   Ѓорев е роден 1976 год во Кавадарци. Дипломирал 2003 год. на факултетот за ликовна уметност во Скопје, отсек -вајарство во класата на професор Бранко Конески, насока – конзервација и реставрација кај Благоја Кузмановски .Во  2005 се доквалификува како ликовен педагог. Член на ДЛУМ –Друштво на ликовни уметници  на Македонија – Скопје. Живее и работи во Демир Капија, во моментот е директор на Домот на културата . Групни изложби во Неготино и Скопје, самостојни изложби: 2005год. – НУ-Центар за култура “Антон Панов“ Струмица; 2005 и 2015 год; – НУ-Центар за култура “Трајко Прокопиев“ – Куманово; 2007год.; – НУ-Центар за култура “Ацо Ѓорчев“ –  Неготино. Учествува на повеќе групни изложби како што е “Скулптури на новото време 2007 – 2015“, годишни изложби на ДЛУМ и др. Учесник е и на повеќе меѓународни и домашни ликовни колонии.

„Занаетчиски прецизно и доработено (из)гледаат новите скулптури на Горан Ѓорев. (Из)работени најчесто во бел мермер, тие претставуваат актови, жени, птици. Широк спектар на авторска заинтересираност и творечко љубопитство манифестирани и презентирани преку (нај)различни облици и форми.движење,поврзување .Во скулптурите можат да се забележи антички,византиски елементи ,спој на минатото и сегашноста, во некои скулптури архитектонски концепт на формата со фигуративни елементи. Неговите дела се како еден вид макети на монументални споменици, значи како уште една евентуална (воз)можност, но и конечна и дефинитивна реалност и (за)даденост“, пишува за неговото најново творештво писателот Христо Петрески.

Изложбата во Куманово ќе биде поставена до 31 март 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП