27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛондон најбогатиот регион во ЕУ

Лондон најбогатиот регион во ЕУ

london1

Најбогатиот регион на 27-те земји членки во ЕУ е внатрешноста на Лондон, покажува актуелната ранг листа на „Eurostat“.

Како што пишуваат странските медиуми, истата листа покажува дека и Виена и регионите на главните градови на неговите историски соседи – Братислава и Прага, спаѓаат меѓу десетте најбогати региони во Европската унија. Критериуми за рангирањето биле регионалните доходи по глава на жител на основа на националниот БДП, изразени преку стандардот на куповната моќ во ЕУ.

Најбогатиот регион на 27-те земји членки на ЕУ е внатрешноста на Лондон со својот голем финансиски центар, кој оствари 328 проценти од просекот на европскиот БДП.

На второто место се наоѓа Луксембург (266 проценти), на трето Брисел (223 проценти), а на четвртото место се наоѓа Хамбург (203 проценти), кој воедно е и најбогатиот регион во Германија.

Петтото место го делат пошироките подрачја на Париз и универзитетскиот град Гронинген во Холандија со по 180 проценти. Местата од седмо до десетто покажуваат дека, пред се, средна Европа припаѓа на големиот „бум“ на региони во Европската унија. Седмото место го зазема Братислава, а следат Прага и Стокхолм.

Виена покажа долгогодишно силно и консолидирано економско влијание и се наоѓа на 10 место на листата, кое го држи веќе неколку години. Во Австрија нивото на економското влијание изнесува 127 проценти од просекот на Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП