27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанките продолжуваат со намалено кредитирање на компаниите

Банките продолжуваат со намалено кредитирање на компаниите

bogov2

Банките во Македонија и во првите три месеци од годинава продолжиле со помало кредитирање на претпријатијата, како и во последните месеци од 2012 година. Гувернерот на НБРМ Димитар Богов денеска истакна дека како причина за тоа е нивната претпазливост, како и немањето добри кредити според банките.

– Кредитирањето во последните три месеци, односно првите три месеци од годинава е доста бавно и нема забрзување. Продолжува тој бавен тренд од крајот на минатата година, а стапката се движи некаде околу 5 поценти, изјави гувернерот Богов, кој одржа предавање на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Тој потенцира дека главната причина според нивните сознанија е претпазливоста на банкарите поради нивото на лоши кредити, а и според нивни кажувања недостиг на нови квалитетни проекти.

Очекува позитивни ефекти од мерката за нето извозниците, која е на почеток и дека во првите месеци има солиден податок.

– Сметаме дека тоа ќе биде значителен импулс за извозниците и наредните месеци очекуваме дека ефектите ќе бидат се поголеми. Таа мерка е долгорочна и на еден подолг период треба да се видат резултатите, истакна Богов.

Во врска со насоките за ослободување на банките од хипотеките, Богов рече дека очекува тоа да влијае врз подобро работење на банките.

– Тоа ќе има влијание и на побрзо ослободување од тој преземен имот, а со самото тоа што ќе се ослободуваат ќе имаат и повеќе мотив за кредитирање, рече гувернерот на НБРМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП