26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАмериканците не одат на ОИ во Рио?

Американците не одат на ОИ во Рио?

rio oi 03

Олимпискиот комитет на САД им порачал на своите спортисти да размислат дали ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. ОК на САД е загрижен за здравјето на спортистите, поради вирусот Зика, кој кон крајот на минатата година се појави во Јужна Америка, а потоа продолжи да се шири, поради што Светската здравствена организација (ЗСО), на 1-ви февруари, прогласи вонредна состојба.

Челниците на американскиот Олимписки комитет, пораката на своите федерации им ја упатиле преку конференциска врска, потврдиле две лица кои биле учесници на конференцијата.

„На федерациите им беше порачано дека никој не би требало да патува во Бразил, доколку не се чувствува безбедно“, рекол Доналд Енони, првиот човек на американското мечување.

Брифингот на Олимпискиот комитет на САД покажува дека организаторите на Олимписките игри треба сериозното да ја разберат опасноста која ја претставува вирусот. Исто така, спортистите и нивните тренери, се наоѓаат пред тешка одлука, дали да патуваат во Рио, особено ако се знае дека настап на ОИ е сон на секој спортист, а оние врвните, своите планови и подготовки ги врзуваат токму за Олимписките игри.

Американците пренесуваат дека во случај нивните спортисти да не патуваат во Рио, дека тоа значително ќе го намали квалитетот на Игрите, бидејќи во Лондон 2012 спортистите од оваа земја освоија најмногу медали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП