30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрв пат по 98 години Converse ги редизајнира популарните `старки`

Прв пат по 98 години Converse ги редизајнира популарните `старки`

нови-стартки

Компанијата Converse прв пат, во историјата на на своето постоење, ги редизајнира популарните `старки`.

Од вторникот Converse Chuck Taylor All Star II ги има во продавниците. Тоа е добрата вест, а и фактот што сега тие ќе бидат уште поудобни, откако за нивната внатрешност е употребена Lunarlon поставата на Nike, што и не е некое изненадување, ако се знае дека Nike ја поседува Converse, повеќе од десет години.

Новиот дизајн вклучува и други удобности на патиките, оригинално дизајнирани во далечната 1917 година, девет години по основањето на Converse, како страни полни со подвижна пена и перфорирана влошка.

Не толку добра вест е фактот што за новите `старки` ќе мора да платите 15 до 20 долари повеќе.

„Лансирањето на Chuck II е пионерски момент за Converse откако ние се обидуваме брендот да го однесеме чекор понатаму низ креативноста и иновациите, воведувајќи не само нови патики туку сосема нов начин на размислување“, вели Џим Калхун, претседател на бордот на директори на Converse во неговата изјава.

Редизајнираните `старки` се достапни во четири бои, црна, бела, сина и црвена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП