На интернет се појавија фотографии од прототипот на новата генерација на некогаш познатата луксузна лимузина, Мерцедес С600 Пулман. Германската компанија повторно ќе го активира овој модел наместо Мајбах кој престана да се произведува во декември 2012-та година.
Оргиналниот Мерцедес С600 Пулман се произведуваше во ограничена серија помеѓу 1964-та и 1981-та година, како луксузна продолжена верзија на С класата. Новата генерација исто така ќе биде засновата на продолжена верзија на следната С класа, чија премиера е закажана за 15-ти мај.
Покрај тоа С600 Пулман ќе има и продолжено меѓуосовинско растојание, пошироки Б столбови и задна врата. Овие конструктивни измени имаат за цел на угледните и богати сопственици, државници и ВИП личности да им овозможат поголем комфорт на задните седишта од автомобилот.
Исто така на располагање ќе бидат и технолошки најсовремените мултимедијални уреди и системи. Деталите од надворешноста на прототипот се замаскирани, но се очекуваат мали стилски промени во однос на стандардниот модел на С класата.
За моторот најверојатно ќе биде употребена V12 twin-turbo единица, додека во иднина во понудата би можел да се најде и модел на хибриден погон.