Точно 11 милиони евра ги снемало од сметката на напаѓачот на Зенит, Александар Кержаков, кои биле орочени во „Газпромбанк“. Фудбалерот го открил ова откако не успеал да поднесе документи за хипотека за стан.
Истрага утврди дека од неговите сметки се направени неколку повлекувања, за кои Кержаков не знаел. Графологичната експертиза пак докажа дека потписот од платните налози се фалсификувани. Во моментов се води истрага за случајот и е формирано кривично дело за измама во особено големи размери.
Приходите на Кержаков за една година од плати, бонуси и рекламните договори изнесуваат 5.5 милиони евра, што значи дека тој загубил сума која ја заработува за две години.