Унгарски дизајнер разви кацига за велосипедисти со LED трепкачи, која ќе ги предупредува автомобилите при вртење.
Овој производ се активира преку безжична „блутут“ конекција од тркалото на велосипедот. Кога тоа се врти, се вклучуваат страничните ленти-панели кои светат портокалово. Кога велосипедистот ги активира сопирачките, се пали црвено стоп светло кое се наоѓа на тилот на кацигата.
Пронајдокот „Dora“ e дело на унгарскиот дизајнер Балаж Филцер кој во моментов обезбедува финансии за да започне со масовно производство. Тој ги отфрли критиките дека кацигата била претешка со набиената електроника во неа.
„За непрофесионалните велосипедисти тежината не е од големо значење, бидејќи тие не бркаат времиња и рекорди“, изјавил пронаоѓачот.
Според Филцер новиот производ може да спаси многу животи. Изумот се активира со батерии кои можат да се полнат и на струја.