30 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузната лимузина Авентадор

Луксузната лимузина Авентадор

aventadorpredna

Авентадор на Ламбурџини е еден од најдобрите спортски автомобили во светот, а дефинитивно и еден од најскапите. Британската компанија „Cars for Stars“ ги откри своите планови кои ги имаат, тоа е ова возило да го претворат во луксузна лимузина.

Компанијата која се занимава со изнајмување на луксузни автомобили ја откри својата визија во која Авентадор има дополнителна врата на подигнување. За среќа видеото кое го објавија е добра анимација, затоа што автомобилот се уште е во фаза на концепт, но ако тие најдат спонзор би можеле да ја заживеат оваа идеа. Истиот тој спонзор ќе го добие своето име на автомобилот, но и постои можност возилото да има сосема ново име.

aventador

Засега, страствените љубители на спортски автомобили се згорзени со оваа креација, но без сомневање постојат и такви кои би платиле да се возат во оваа лимузина, затоа што стандардниот Авентадор не е семеен автомобил.

Неговите 690 коњски сили би биле сосема доволни да ја придвижат и продолжената верзија без никаков проблем, а внатре би била опремена со мини-бар, систем за озвучување, плазма екрани, греење на седиштата и други луксузни ситници.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП